Ќерката на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ нема да учествува на натпреварот по уметничко лизгање „Златна пируета“ поради повреда.
Како што пишува „Вечерни лист“ се работи за повреда на грбот, а нејзиниот тренер изјавил дека тоа е стара претходна повреда и не се знае колку ќе трае нејзината пауза.
Сепак сезоната за неа не е завршена, пренесува „Вечерни лист“.
Китаровиќ требаше да ја претставува својата земја на натпреварот кој е еден од најстарите во Европа, во категоријата јуниори.
И минатата година таа се претстави на ИСУ Гранд При во уметничко лизгање во Загреб, а на трибините ја бодреа родителите.