Професор од Тексас случајно им пуштил порно на учениците па тајните испливале

345
ФОТО: Bell County Jail / Курир.рс

Професор во средно училиште во Тексас е обвинет за поседување на детска порнографија, откако случајно им пуштил порно на учениците, пренесува „Курир.рс“.

Истрагата за 45-годишниот Џејмс Едвард Алмен започнала во септември, откако ученик кажал дека им пуштил порно. Тој веднаш бил суспендиран.

Полицијата веднаш ги конфискувала неговите технички уреди, при што биле пронајдени четири видео записи од девојче како се соблекува во тоалет, се наведува во налогот за апсење.

Сопругата на професорот потврдила дека видеото било снимено кај нив дома. Таа рекла дека не знае оти Џејмс имал ставено камери во тоалетот.

Девојчето од видеото било најдено и кажало дека не знаело дека некој ја снима.

Во историјата на лап-топот на обвиниетот биле пронајдени порнографии на кинески и јапонски јазик, користејќи термини кои се преведени на англиски како „тинејџерски скандал“, „четување со тинејџери“, „мастурбирање во училиште“ и слично.

Алеман бил ослободен со кауција од 75.000 долари додека го чека судењето.

ФОТО: Bell County Jail / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...