Петиција за една од зградите на Универзитетот во Кент да се именува по Горан Стефановски

794

Роднини, колеги, пријатели, студенти вчера присуствуваа на последното испраќање на македонскиот драмски писател Горан Стефановски, кој беше кремиран во Кентербери, Англија, во Бархам Крематориум, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлeна во водите на Охридското Езеро.

Стефановски бил испратен со македонската песна „Зајди, зајди“ во изведба на Александар Сариевски и со „Strawberry Fields Forever“ на „Битлси“.

Неговите студенти започнале петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што тој беше професор да го носи неговото име.

Во понеделник, на 10 декември во Драмски театар во Скопје, во 12 часот е закажана комеморацијата за македонскиот драмски писател Горан Стефановски.

Горан Стефановски почина на 27.ми ноември на 66-годишна воздраст.

Роден бил во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Членувал во Македонскиот ПЕН центар и во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 станл дописен член на МАНУ. Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

Стефановски е автор на драмите „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...