По повод 20 години постоење, Скопското астрономско друштво организира изложба на астрофотографии насловена „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“, утре во 20 часот во Домот на АРМ. Изложбата, поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе биде отворена
Скопското астрономско друштво ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти. Покрај астрофотографијата, Скопското астрономско друштво е познато како важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно астрономијата и астро-физиката. Во изминатите две декади, одржани се бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.
Изложбата ќе биде отворена во Домот на АРМ до 16 декември. Влезот на изложбата, вклучително и на отворањето, е слободен.