Во 21,50 часот вчера било пријавено дека на магистралниот пат Струмица — Ново Село, поточно на влезот во село Босилово, патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело.
Во незгодата на местото на настанот починал М.Р.
Извршен е увид на местото на настанот.