Општината Гази Баба запленила еден тон гуми планирани за греење

371

Општина Гази Баба во текот на вчерашниот ден заплени еден тон отпадни гуми планирани за греење во ромското маало во Ченто, пред бензинската пумпа на „Макоил“, информира СДСМ.

„Ова е само една од мерките што оваа општина и надлежните инспекции ги преземаат против загадувањето. Заедно со Инспекторатот на Град Скопје, Јавното комунално претпријатие и МВР, Општина Гази Баба спроведе слична акција на дивата депонија Вардариште заплени уште еден тон стари и уништени гуми што се палеле на отворен простор“, вели СДСМ.

Социјалдемократите истакнуваат дека последиците од 11 годишното игнорирање на проблемот со загадувањето и системското уништување на зеленилото и животната средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ се уште се чувствуваат.

„За разлика од таквиот неодговорен и игнорантски однос на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ денес, сите надлежни институции, Владата, наделжното министерство, Град Скопје, општините активно се вклучени во решавање на проблемот со аерозагадувањето“, велат од СДСМ и порачуваат дека борбата против загадувањето е секојдневна, континурано се преземаат мерки за решавање на долгогодишниот проблем и за санкционирање на загадувачите.

„Засилено се расчистуваат диви депонии низ сите општини низ државата и се санкционираат загадувачите. Коритата на реките и каналите редовно се чистат од наноси на смет, градежен шут и комунален отпад. Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух. Уште серија на други мерки се преземаат низ здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух“, велат од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...