Mажите повеќе од жените „висат“ на социјалните мрежи

132

Мажите повеќе од жените се на социјални мрежи, информира Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 % опфат на домаќинствата во првото триемесече од 2018 година, спрема 73,6 % во истиот период минатата година. Исто така има подобрување и во начинот на пристап потребен за обавување на е-трговија.

Во Македонија 79,2 % од популацијата на возраст 15-74 години употребило интернет или околу 1,3 милиони жители. Од тоа машкиот пол повеќе (80,9%) од женскиот (77,4%). 97,5 од младите на возраст 15-24 години употребиле инетрнет, а најмалку употребувале интернет во страосната група 55-74 години (46,7%) во изминатите 12 месеци.

Речиси секој ден интернетот го користат 68,7% од популацијата 15-74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За да пристапат до интернет најмногу користеле мобилен или паметен телефон дури 68,8%  од интернет корисниците, потоа од лаптоп 41,1%, од десктоп 36,5% и 14% пристапиле од таблет.

Македонците на интернет најмногу зборувале и учествувале на Фејсбук и тоа 64.8% од интернет корисниците, но помалку од минатата година односно 83,8%. Што се однесува до користење на интернет за социјални мрежи кое е најголемо, мажите (68,6%)  многу повеќе од жените (60,9%) учествувале на социјалните мрежи. Исто така спрема минатата година намалено е користењето на интернетот и за телефонирање, праќање/примање на електронска пошта.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...