Поради убиството на својата 39-годишна девојка Анита, Иван Краљ е осуден на 18 години затвор, пренесува „Курир.рс“.
– Жал ми е, засекогаш ќе ми биде во срцето – изјавил тој.
Пред убиството, тие имале расправија, па им било забрането да се приближуваат еден на друг.
Сепак, на 20-ти мај се сретнале, а тоа завршило кобно за Анита. Тој брутално ја избодел со нож.
– Ја убив својата љубов – биле неговите зборови по злосторството, штом се јавил во полиција.
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Курир.рс