Корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода утре, четврток, од 8:30 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија – информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Од 9:30 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Долно Свиларе, а од 11:30 до 14 часот корисниците од дел од улицата „1520“ во општина Kисела Вода.
Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.