На виделина ќе излезат сите притисоци во судството кои во моментов се случуваат. Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „русковска обвинителството“? – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест на опозицијата кој се одржа пред Владата.
Тој нагласи:
– Едно да ви порачам. Не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога тие ќе ви го завртат грбот и кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени кои што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ – кажа Мицкоски и додаде дека од државата ќе побараат да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек во следната 2019 година.
– Ако тоа не ни го овозможи оваа влада, ќе ја смениме со нова власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ – порача Мицкоски.
На вечерашниот марш беше осудено и непреземањето мерки против загадениот воздух, поскапувањето на лебот, како и мерките за земјоделците.