Новиот закон за помирување до петок

889

Првата верзија на Законот за помирување во врска со настаните од 27 април се очекува да биде готова до задутре, а ќе биде предложена од собраниското тело за помирување. Ова тело ќе одржи состанок откако членовите ќе се вратат од службен пат, а тоа е најверојатно в петок.

Емилија Александрова, која копретседава со телото, ја потврдува поддршката на целиот процес од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. А дека за целиот  процес – реформите, интеграцијата и помирувањето, биле охрабрени и од  европратениците, Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн.

Христијан Мицкоски на средбата со гостите од Брисел потврдил дека ВМРО ДПМНЕ  е спремна да ги помогне реформските процеси, но дека тоа зависи од способноста волјата на Владата да биде носител на тие процеси.

Европратениците Мекалистер и Флекенштајн разговарале и со спикерот Талат Џафери, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...