Ги делат три децении, но ги спојува иста цел

Василка Стефановска е пензионирана професорка која својот работен век го минала во средното угостителско училиште „„Лазар Танев“ и претседателка на Слоу фуд Водно, а Ирина Јаневска е основачка и претседателка на АРНО – општествено-иновативна организација која може да се смета за креативен извор на решенија за подобрување на заедницата во која живееме. Нивниот прв заеднички проект се Часовите за готвење со Слоу Фуд.

881

Иако се припаднички на две генерации помеѓу кои би требало да стои голем тридецениски јаз, кај нив можат да се забележат големи сличности и многу, многу мостови кои ги поврзуваат и не дозволуваат да се почувствува разликата во годините.

Прво, станува збор за две жени кои се секогаш насмеани и ведри, а второ, обете се вредни, креативни, енергични и динамични.

Василка Стефановска е пензионерка, но не од оние кои седат дома и не знаат што да прават со себе и со слободното време, туку е жена од акција, постојано во нови проекти и целата во планови за следните, на чело на организацијата Слоу Фуд Водно.

Ирина пак е основач на АРНО и иако има само 34 години, зад себе има 19 години стаж на активист во граѓанскиот сектор.

Зборувавме со нив по повод нивниот заеднички проект Часови по готвење со Слоу Фуд во кој ги здружија идеите, минатите искуства и целите.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...