Ги следиме последните случувања со донесување на Законот за јазиците и повеќе од нас се прашуваме што се’ се случува во ова наша држава! Прво ќе почнам од изјавите и разните коментари од донесување на Законот во Парламентот.
Претседателот Иванов: „Овој закон е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство врз мнозинството граѓани на Република Македонија… Така не се води држава… како Претседател на Република Македонија јас ова нема да го дозволам.„
Мицковски: “Власта претходно ги одби и остана нема на сите наши напори да не се донесе овој закон и да се избегне ова сценарио. Ја одби нашата иницијатива преку работни групи (исти како што го правеше власта на ДПМНЕ претходно, н.з.) да се подобри законското решение и да стане уставно. Одби да се разговара за поднесените амандмани (а да не беа малку 35.000 амандмани! н.з.) од страна на ВМРО-ДПМНЕ кое беше наше право (подобро кажано ваша заебанција, н.з.) и деловничка можност, и на крај ја одбија понудата да обезбедиме парламентарно мнозинство преку нашите пратеници (она де, што го предлагаше Груевски за формирање влада! н.з.) за поддршка на владата, само за да премиерот Заев излезе од уцената и концесијата која ја имал за носење на овој неуставен закон… е поголема од значењето на државните интереси… а злосторниците ќе одговараат за овие злодела (закана, кога ќе дојдат на власт, н.з.).„
Никола Груевски, поранешен премиер сега пратеник на опозицијата, „храбро„ се искачи на бината во парламентот, го обиколи Џафери од зад грб и му се обрати со зборовите – „Немојте на сила, немојте на сила, не е добро на сила…„ и така ја бранеше демократијата. Замислете каква пародија, тој кој ја силуваше цела држава „уз дуж и попреко„ сега зборува да не се применува сила, демек по кроце да се решавало во парламентот! Да видиш, чуеш а да не веруваш! Тој и порано предвидувал дека ова ќе се случи, и ете се случи; кога пред негови очи се одвиваше недемократската процедура тој одлучи да реагира. Не се издржува, го надвладееле емоциите… Па и тој е човек со чувства и емоции!
На секој разумен човек (на „разум„ повикуваше и Мицковски!) му е јасно состојбата, доколку ДПМНЕ била конструктивна опозиција и имала добра намера за заштита на државните и национални интереси, на кои се повикува, ќе поднела толку колку се потребни амандмани по кои ќе се водела нормална расправа во парламентот, а со 35.000 поднесени амандмани таа имала задна намера да го опструира работењето на парламентот. Зарем некој е луд да прифати расправа по 35.000 амандмани со времетраење од 6 и повеќе месеци за донесување на Законот за јазиците! Доколку Законит е против уставен, опозицијата ДПМНЕ може, како и што ќе направат, да поднесат иницијатива до Уставниот суд кој ќе се произнесе за уставноста на Законот и со Одлука ќе одлучи во кое делови е противуставен па неговата одлука ќе се применува како закон. Многу едноставно. Но тука се работи за инат на опозицијата ДПМНЕ – или ќе биде како што ние сакаме или… што или… ќе се заебаваме… Таквото однесување на ДПМНЕ е крајно примитивно, некултурно и простачко однесување што и’ личи на партија од некои минати времиња можеби и векови…
Да се вратиме на времето, на 11 годишното владеење на партијата ДПМНЕ кога таа беше на власт во Македонија, а нејзиниот лидер Никола Груевски премиер на државата. Тие како власт владееја со примена на брутална сила, за што има без број примери, а ние ќе наведеме само два, оние најсилните што го отсликуваа нивното насилно владеење. Да се потсетиме на 24 декември 2012 година, оној црниот понеделник, кога со примена на сила ги исфрлија пратениците на тогашната опозиција СДСМ од парламентот директно на улица, заедно со новинарите. Потоа продолжија со седница на парламентот за донесување на буџетот, а опозицијата ја обвинија за државен удар во кое веруваше нивното членство со чипирани мозоци. После тој црн понеделник СДСМ излезе од парламентот и ја остави коалицијата ДПМНЕ – ДУИ да владеат на мира се’ до „крвавиот четврток„ – 27 април 2017 година.
Крвавиот четврток на 27 април беше најнасилничкиот излив на сила на ДПМНЕ кога се направи обид да се убијат пратеници и лидерот на СДСМ Заев, со крајна цел да се изврши противуставен државен удар и воведување на вонредна состојба а со цел да се задржи на власт. Овој настан беше врв на насилството на партијата ДПМНЕ како круна на нивното насилничко владеење за целиот 11 годишен период, што и беше крај на нивното владеење. Се покажа максимата дека со сила не може да се задржи власта долго време, кога тогаш пукаат обрачите и власта се распаѓа!
Разбирливо е една „примитивна„ партија како ДПМНЕ кога е на власт да владее со сила и насилно. Но многу зачудува што ДПМНЕ и сега како опозиција насилнички се однесува, исто како и кога беше на власт. Опструкциите што партијата ДПМНЕ сега ги прави по сите прашања витални за државата, како што се разрешувањето на државниот обвинител Зврлевски, склучување на договорот за пријателство со Бугарија, решавање на прашањето со името и сега донесување на Законот за употреба на јазиците кога лично екс лидерот и сегашен „лидер во сенка„ насилнички настапи на бината во парламентот кога со чаша вода го испрска спикерот Џафери и му ја одзеде картичката!
Интересно е што партијата ДПМНЕ и кога е на власт и кога е во и опозиција нивното однесување е исто – насилно! По мое мислење тоа се должи на фактот што ова партија од основањето до денес се однесува доста несоодветно, насилно, примитивно, некултурна, нецивилизирано, не демократски, не европски … не… не … и таква ќе остане се’ додека „лидерот во сенка„ Никола Груевски не се „склони од јавноста„ поради повеќето обвиненија кои СЈО ги води против него. До тогаш Македонија ќе се копрца со својот балкански примитивизам и ќе остане парализирана држава во која ниту институциите, ниту судството и целиот државен систем нема да функционира. Од спроведување на реформи нема ништо да се случи, опозицијата ДПМНЕ и понатаму ќе направи силни опструкции да не се спроведат реформи за кои се бара двотретинско мнозинство при гласање на овие закони. Што се однесува до решавање на прашањето со името тоа ќе зависи од Грција која барем засега со своите максимални барања тешко ќе се најде компромис, освен ако не се вмеша меѓународната заедница и Америка, од опозицијата која е ан блок против решение за името тоа не зависи.
Еднаш напишав, а сега ќе повторам – партијата ДПМНЕ има свој вграден код поради кој таа е насилна и штетна кога е на власт и кога е во опозиција – СЕКОГАШ. Тоа може да се толкува само како судбина на Македонија и народот…