Бошњаковски: Сите граѓани може да учествуваат на дебатите за уставните амандмани, Најчевска има право на свој став

160

Отворена покана за учество упатувам до сите кои сметаат дека треба да бидат дел и да го кажат своето мислење. Поканети се сите граѓани на Република Македонија кои имаат интерес, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски за дебатите за уставните амандмани што од денеска до понеделник ги организира Владата.

За ставот на професорката Мирјана Најчевска која јавно кажа дека не сака да дојде на дебатата поради присуството на прпофесорот Владо Поповски, владиниот портпарол рече дека целосно го почитуваат нејзиното мислење.

Тоа е нејзин став. Таа го изрази јавно и ние како Влада изразуваме почитување кон нејзиниот став. Таа не чувствува потреба да дебатира на јавната расправа и тоа е во ред. Изразуваме жалење што можеби нема да дојде на јавните дебати но, тоа не значи дека нејзиниот глас не е послушан – рече Бошњаковски.

Прашан зошто се организираат дебати четири дена, а не пет работни дена, Бошњаковски појасни дека се работи за техничко прашање, односно оти извештајот од Собранието го добиле доцна во понеделникот и биле во неможност да организираат дебата веќе следниот ден, во вторникот и затоа во понеделник ќе организраат две јавни дебати.

Првата јавна дебата за нацрт-амандманите за измени на Уставот ќе биде одржана попладнево во 16.30 часот во Свечената сала во Владата на Република Македонија. Ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски, како и претставници на експертската јавност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...