Средна Европа – Чесите против Земан, Унгарците за Орбан

442

Вечерва во Средн Европа се одржуваат два големинпротестни собири: на Вацлавскиот плоштад во Прага повеќе илјади Чеси, главно уметници и студенти, протестираат против нападите што во последно време претседателот Милош Земан и ги упатува на државната телевизија, додека во Будимпешта десетици илјади граѓани денеска, на денот на државноста, му изразија поддршка на премиерот Виктор Орбан пред престојните избори во оваа земја.

Чешките демонстранти го предупредуваат претседателот: ,,Земане, не ја даваме чешката телевизија”. Непосреден повод за ова протестно собирање е неодамнешниот говор на инагурацијата, кога Земан ја ,,нападна медиумите и слободата на говорот. Изгледа дека претседателот и неговите политички сојузници сакаат да одлучуваат што е вистина а што лага и не поднесуваат критика”, објаснуваат организаторите на протестот во центарот на Прага.

Земан во говорот по полагањето на заклетвата и почетокот на вториот мандат на 8-ми март ги обвини Чешката телевизија, која веќе со години со години ја бојкотира, како и влијателниот стопански весник ,,Хосподарске новини”, независниот неделник ,,Респект”и порталот aktualne.cz дека манипулираат со ставовите на чешката јавност.

Од Вацлавскиот плоштад демонстрантинте се упатија кон Замокот на Храдчани каде што претседателот Земан со свечен концерт и прием за 1.000 поканети вечерва го прославува својот повторен избор за претседател на Чешка.
Во Будимпешта пак, приврзаниците на Орбан, а и самиот тој во говорот во парламентот,се собраа да ја одбележат 170- годишнината од избивањето на револуцијата од 1848 година и војната за независност против династијата Хабсбург.

(Ристо Лазаров)

Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...