Поради повреденото колено, Рафиња ја заврши сезоната

75
ФОТО: EPA / Andreu Dalmau

Напаѓачот на Барселона, Рафиња Алкантара, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на лигаментите на коленото, потврди каталонскиот клуб.

Рафиња доживеа една од најтешките повреди во спортот на натпреварот против Атлетико Мадрид и мора да оди на операција.

Тоа значи дека тој ќе има пауза од најмалку шест месеци и повторно ќе биде надвор теренот, откако претходно поради слична повреда во сезоната 2015/2016 отсуствуваше шест месеци, а минатата година во април (осум месеци).

Бразилецот (25) оваа сезона постигна еден гол во Лигата на шампионите против Интер. Договорот со Барселона му истекува во 2020 година.

ФОТО: EPA / Andreu Dalmau

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...