Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес, го критикуваше потегот на Јувентус за трансферот на Кристијано Роналдо тежок 112 милиони евра и рече дека е прескап за 33-годишниот фудбалер.
Хенс вели дека баварскиот клуб никогаш нема да потроши толку пари за ветеран и би го разбрал овој потег доколку Португалецот би бил десетина години помлад.
– Роналдо има 33 години, тој е ветеран … Би не чинел најмалку 100 милиони евра, тоа е работа што никогаш нема да ја направиме. Доколку имаше 24 години, тогаш трансферот ќе го направевме со врзани очи – изјави Хенес за „Билд“.
Јувентус со ангажманот на Роналдо постави рекорд во италијанскиот фудбал, додека Баерн беше прилично неактивен минатото лето па затоа Хенс е критикуван од навивачите на бундеслигашот.