Мајка ми зборуваше турски боље од македонски. Живеела во маало во Радовиш со повеќето соседи од турска националност. Стрина ми, Милева, мајчин јазик и’ беше албански, родена во семејство од оние Македонци од мавровскиот регион со мајчин албански, стариот ми цепаше српски, ко оче наш, пошто беше војно лице у најубавите години, а бугарскиот, обаче, му беше као наследство од дедовците во Раштак, кои и ден денес важат за Бугарофили, исто онака како што оние од Побужје и Мирковци, важат за србофили или попрецизно за Краља и отаџбину…
Ако сте имале прилика да отидете во косовски Брод, ќе го чуете најчистиот македонски јазик, а го зборуваат муслимани по вера, а и албанскиот го зборуваат боље од многу косовски Албанци. И многу други примери од наброените. Сите живееле, сите се развивале низ вековите со своите мајчини јазици, со изборот на своите вери, живееле во слога и невештачко единство, сите биле другари и другарки, сите ги спојувала само можноста за егзистенцијата. Обезбедената, гарантирана егзистенција. Тој што работи и ќе заработи, а тоа што ќе го заработи ќе му биде доволно за егзистенција…
Јебале вас јазици, имиња и презимиња. Дедо ми Богдан бил војникот Трајков во бугарската војска, брат му Ѓоре бил Трајковиќ, војник во српската војска…
Балисти не биле сите Албанци, ниту Комити биле сите Македонци, ниту четници се сите Срби, исто како што не се усташи сите Хрвати, а сите, и балистите и комитите и четниците и усташите биле националисти, шовинисти и фашисти. Тие биле тврдокорни јебиветри кои можат да донесат само зла крв, а не мир и шанса за нормална егзистенција. Ало, јебиветри, се читаме ли…?
Извини Пиги морално беше…