Градоначалникот Максим Димитриевски вчера во Европскиот парламент во Брисел, ја прими наградата Куманово – Град на спортот за 2019 година.
Наградата му ја врачи претседателот на Европската асоцијација на градови на спорт ASEC, Џиан Франческо Лупатели, во присуство на останатите 30 градови добитници од Европа. Градоначалникот Димитриевски отпатува на свеченоста во Брисел придружуван од олимпијците Аце Русевски и Реџеп Реџеповски и претседателот на КК „Куманово“, Александар Крстевски.
Куманово е прв град во Република Македонија кој го има добиено оваа престижно признание кое се темели на досегашните спортски достигнувања, развојот на спортот на сите полиња, категории и возрасти, изградбата на спортски капацитети и спортската култура, кои беа оценувани низ тримесечни анализи на асоцијацијата.