Хајланд за братучедот: Тревор доби крила, сега пее и игра фудбал на небото

304
ФОТО: EPA / JIMMY MORRIS

Американската актерка Сара Хајланд напиша на Инстаграм дека пијан возач го убил нејзиниот 14-годишен братучед во сообраќајка.

– Ова е мојот братучед Тревор. Него го уби пијан возач. Вујко ми е се уште во болница и го чекаат неколку операции. Возачот толку јако го удрил автомобилот на вујко ми, што Тревор иако врзан, излетал од автомобилот – напишала таа.

Семејството одело на концерт на хор, кога ја доживеало несреќата.

– Тревор доби крила, па сега пее и игра фудбал на небото. Тој беше весел, паметен, креативен, спортски тип. Беше блесав, шашав, сите ние го сакавме. Спомените од него ќе живеат засекогаш – напишала актерката.

Таа истакнала дека пијаниот возач веќе два пати бил фатен поради возење во алкохолизирана состојба.


Извор: „Курир.рс

ФОТО: EPA / JIMMY MORRIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...