Најчевска: Понижување е да учествувам на дебата со Владо Поповски

2924

Професорката Мирјана Најчевска иако првично се израдувала дека добила покана да учествува во јавната расправа за уставните амандмани, расположението веднаш ѝ спласнало откако во поканата прочитала дека меѓу главните говорници ќе биде и професорот Владо Поповски. Поради Поповски, Најчевска го одбила учеството, а за него вели дека е „човек со сите бои и за сите влади“.

– Компромисен. Неконфликтен. Човек кој ни во сон нема да се спротивстави на ниту еден режим. И јас се заблагодарив и одбив, пишува на Фејсбук Најчевска.

Според професорката, Владо Поповски е дискредитиран како стручњак во повеќе наврати и има нанесено неверојатно голема штета во развојот на Македонија како правна и демокатска држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...