Палмер: Македонија 30. земја членка на НАТО до 2020

709

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го спроведе Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција.

Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“.

– Тоа е потполно реална цел – рече тој.

Но Палмер изрази загриженост за руското, како што кажа, „силно влијание“ во регионот на Западен Балкан, вклучувајќи ги и напорите за поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО.

– Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи во однос на начинот на нејзината интеграција во европските и евроатлантските институции. Напорите да се поткопа изразената волја на граѓаните на Македонија се дестабилизирачки и му штетат на мирот и безбедноста во регионот – додаде Палмер. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...