Пет дена јавна расправа за уставните амандмани

71

На 106-та редовна седница на Владата на Република Македонија е утврдено дека, согласно постапката за уставни измени, Владата на РМ има обврска да организира јавна расправа во рок од 5 дена, и забелешките, сугестиите и предлозите по нацрт амандманите на Уставот, на граѓните, политичките партии, здруженија на граѓани, органи и организации, како и на другите учесници во расправата, и два дена по јавната расправа, да ги сумира и на Собранието да му достави извештај за резултатите од јавната дискусија и Текст на предлогот на амандманите – информираа од Владата.

На денешната седница на Владата, беа разгледани заклучоците на Собранието на Република Македонија, донесени на шеесет и четвртата седница, одржана на 3.12.2018 година, по повод утврдувањето на Нацртот на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...