Потпретседателот на парламентот Горан Мисовски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, даде исказ по кривичната пријава што ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола, кое го оспорува изборот на Џафери за претседател на парламентот, потврдија од ЈОРМ.
Мисовски изјави дека изборот на Џафери бил спроведен согласно Уставот и Деловникот и дека тој е легитимен и легален претседател на парламентот.
Покрај нив, во Обвинителството, пред неколку дена исказ давал и пратеникот Ферид Мухиќ, кој на седницата на 27 април на која беше избран Џафери ја презеде улогата на претседавач со седницата.
Кривичната пријава е поднесена против сите пратеници кои гласаа за изборот на Џафери за претсеадтел на Собранието на РМ за „ злоупотреба на службената положба и овластувања“.