Димитров на средба со европратеници информираше за реформите

51

Претпладнево, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, одржа работна средба со групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент, предводена од европратеникот Ханс Ван Бален (АЛДЕ).

Димитров, како што информира МНР, ги брифираше европратениците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, како и за досегашните постигнувања и планираните чекори во клучните реформски области.

Тој, како што вели МНР, ја искористил можноста на средбите да ја изрази силната посветеност на Република Македонија за обезбедување напредок во евроинтегративниот процес .

Димитров потенцирал дека во моментов, една од најважните цели за земјата е преточување на јунските заклучоци на Советот на ЕУ во формално отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година, што, меѓу другото, било рефлектирано и во усвоената Резолуција на Европскиот парламент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...