Чеферин: Во УЕФА има писмо од ВАДА дека Рамос е чист

80
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, соопшти дека не треба да им се верува на информациите од „Фудбал Лејкс“ за наводно допингување на капитенот на Реал, Серхио Рамос.

Според изворот, Шпанецот бил позитивен на допинг-тест пред финалето на Лигата на шампионите во 2017 година, но не бил казнет по писмо испратено од клубот до УЕФА.

– Не треба да разговарате за ова. УЕФА има писмена изјава од ВАДА, која јасно наведува дека правилата не биле повредени. Најавторитетното тело во светот вели дека сè е во ред. Немам ништо повеќе да кажам – изјави Чеферин. 

ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...