43.000 хронично болни ќе добијат маски за заштита од загадувањето

98

Маски за заштита од аерозагадувањето ќе добијат 43.000 хронично болни граѓани. Сега го утврдуваме бројот на децата и начинот на кој би им ги поделиле маските, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека вчера имале комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и апсолутно се согласни дека тоа не ја решава причината, но дека треба и мора да најдат начин да ги дистрибуираат маските, бидејќи, како што рече, сепак тоа е некаква форма на заштита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...