Активно работиме да најдеме нов објект во кој ќе биде сместен Центарот за зависници, кој се наоѓа во Кисела Вода. Има три објекти кои се на периферија на Скопје и сега утврдуваме дали тие може да се адаптираат и реновираат и да се даде малку поинаков тип здравствена услуга за тие зависници, затоа што има нови модели на терапија и нов пристап.
Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за релативно брзо време ќе го имаат решението.
– Сакаме новиот објект да ги задоволи сите стандарди и да може дополнително да се зајакне услугата во смисла на квалитет – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.