Крвичниот совет одлучува по жалбата за притворот на Милајков

98

Кривичниот совет на Основниот суд 1 денеска одлучува по жалбата за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, за предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во неделата судијата Весна Димишкова му одреди 30 дневен притвор за „Империја“, а му го укина за предметот „Таргет-Тврдина“.

Екс директорот на УБК, Мијалков е во притвор од 20 ноември.

За „Империја“ триесетдневен притвор добија и Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделевски и Тодор Мирчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...