Дејвидсон: Нема да се убијам, колку и да сакаат насилниците (ФОТО)

630
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Комичарот Пит Дејвидсон откри дека завршувањето на неговата врска со популарната Аријана Гранде, допринело да биде жртва на насилство и да има суицидални мисли.

– Без разлика колку и да се труди интернетот да ме натера да се убијам, нема да успее – напиша тој на Инастаграм.

Тој вели дека насилството се случувало девет месеци.

– Не кажав на никого. Не спомнав ниту имиња – напиша 25-годишниот комичар.

Тој претходно си ја отворил душата за своето ментално здравје со цел „дека ќе им помогне на децата како мене, кои не сакаат да бидат на овој свет“, пренесува Би-би-си.

Гранде и Дејвидсон прв пат се запознале во 2016 година. Таа на кратко ги „напушти“ социјалните мрежи во октомври годинава, откако раскина со комичарот. Нивната врска траеше пет месеци.

 

View this post on Instagram

 

💙

A post shared by Pete Davidson (@petedavidson) on

 ФОТО: EPA / JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...