Адеми ни 8 години во затвор не пропушил, сепак апелот да не се менува законот не му помина

1216

Лежев 8,6 години во затвор, од кои 5 години одев на терапија. Никогаш не запалив цигара, никогаш не сум пушел, а татко ми и покрај тоа ми носеше цигари, мислеше ќе ми помине маката. Вака пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми ги убедуваше колегите пратеници да не ги усвојат измените на Законот за пушење.

– Многу другари со кои бев во затворот престанаа да пушат, така да за секоја навика има и одвика. На нас непушачите ни одмага, ни штети, ни го загрозувате животот, рече Адеми од собраниската говорница.

Сепак, апелот на Адеми беше залуден, бидејќи Собранието попладнево ги усвои измените на законот со кои се дозволува пушење на терасите на угостителските објекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...