„Депортирајте го Орбан, а не мигрантите!“ и „смрди на фашизам“ пишуваше на транспарентите, кои го пречекаа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред хотелот „Еспаланде“ во Загреб.
Во протестот учествуваа Ценарот за мировни студии и иницијативата „Добродојдовте“, пренесува „Јутарњи лист“.
– Сакаме Европа и ЕУ во која подеднакво важат сите човекови права и подеднакво се применува владеењето на правото, во која нема црни оази како Унгарија, во која овие вредности се загрозени – изјавија демонстрантите.
Во Загреб се одржува самитот на Централноевропската иницијатива, во кој учествуваат премиерите на Македонија, Унгарија, Албанија, Словенија и Романија.