Денеска кон крајот на денот и утре претпладне во северните и во западните делови од земјава ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини. Кон крајот на денот и на преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус пет, а дневната температура од седум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла.
Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до осум степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а за време на викендот се очекува нов влажен бран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.