Повеќе од 200 милиони евра се испрaни во 2013 година преку трансакции во и надвор од Македонија, изјавил првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми, во синоќешното издание на дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ21.
Според Муареми, предмет на истрага, меѓу другото, е и проектот „Скопје 2014“.
– Под лупа е актуелен министер, но истражуваме и во Министерството за култура – рекол Муареми во емисијата, каде, ексклузивно, открил детали за фирма која пред пет години испрала повеќе од 200 милиони евра.
Муареми појаснил дека отворен е процес на истрага и во Македонија и во другата земја и се проверува дали парите се перени во Македонија.