Најзагаден воздух вечерва дишат скопјани и битолчани

1006

Најзагадено вечерва е во Битола и Скопје, покажуваат мерните станици.

Штетните PM10 честички во Битола достигнаа ниво од 390 микрограми на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното.

Во Скопје најзагаден воздух вечерва дишат жителите во населбата 11 Октомври, Миладиновци, Аеродром. Кај Ректоратот загаденоста со ПМ10 честички е 354 микрограми на кубен метар.

Со овие алармантно опасни вредности, Скопје повторно се најде во 10те најзагадени градови во светот- вечерва се искачи на седмото место.  Пред нас е Приштина, која е на четвртото место според загаденоста, а Софија е на деветтото место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...