Заедничката седница на владите на Македонија и Србија што беше најавена за 21 март се одложува.
Одложувањето, како што соопшти владината прес-служба, е поради неодложни обврски на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.
Од Владата ќе информираат дополнително за новиот утврден датум за одржување на меѓувладината седница со Република Србија.