Европскиот шампион Португалија, кој ќе биде домаќин на натпреварите од финалната четворка во Лига „А“ на новиот турнир на УЕФА, ќе игра со тимот на Швајцарија за место во финалето на Лигата на нациите. Во другиот дуел, полуфиналистот од Мундијалот 2018, Англија, ќе се сретне со тимот на Холандија.
Првиот полуфинален натпревар е на 5. јуни 2019 година во Порто, а вториот е следниот ден во Гимараеш. Натпреварот за трето место и финалето ќе се одигра на 9 јуни.
Победникот ќе добие 7,5 милиони евра.
Португалија ја освои групата со Италија и Полска, и тоа без големата ѕвезда Кристијано Роналдо, кој не игра во натпреварите од турнирот. Но, ќе биде интересно ако напаѓачот на Јувентус се приклучи на натпреварите во јуни.
Швајцарија ја победи Белгија во последниот натпревар со 5:2 и така влезе меѓу четирите најдобри тимови во турнирот.
Англија се пласираше за плеј-офот во последен момент по пресвртот против Хрватска на Вембли. „Трите лава“ го оставија зад себе и тимот на Шпанија.
Холандија го обезбеди првото место по израмнувачкиот гол во последната минута во натпреварот против Германија. Во истата група беше и светскиот шампион Франција.