Брестовац: Двајца играчи на Вардар тежат колку целиот буџет на Металург

154
Тренерот на Металург, Данило Брестовац, пред мечот со Вардар во рамките на десетото коло на СЕХА-лигата изјави дека неговиот тим ќе се соочи со една од најдобрите екипи во Европа, но дека очекува добра битка и добар резултат.
– Ќе играме со една од најдобрите екипи во Европа, екипа од Tоп-4. Играта ни е во нагорна линија, очекуваме дека уште ќе напредуваме. Мене ме радува тоа што од првиот до последниот натпревар во оваа сезона одиме по нагорна линија. Нормално дека се појавуваат работи кои не се како што треба. Очекувам добра битка, поквалитетни се, ќе дадеме се од себе, очекувам добар резултат, а тоа за мене е победа и од еден разлика – изјави Брестовац на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека овој проект на Металург бара трпение и дека истиот пат го поминал и Вардар пред 15-тина години.
– Се случуваа истите работи, сѐ до оној ден кога го победивме Пелистер во Битола и ја освоиме титула. Очекувам дека и овие момци ќе го имаат тој „клик“ и постепено ќе созреваат. Сакам да се знае дека овие момци работат напорно, дека оставаат срце на терен во текот на сите 60 минути. Двајца играчи на Вардар или на Мешков Брест чинат колку целиот буџет на Металург, но ние 60 минути го оставаме срцето на терен –  додаде тренерот на металурзите.
Мечот е на програмата задутре, 5. декември од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Тимот од Автокоманда е на деветтото место во групата со една победа од девет натпревари, додека Вардар е на врвот со скор 7/2.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...