Кривична за скопски дилер, пронајдени 307 шишенца со метадон

170

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Р.Н.(39) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ. Имено, на 30. ноември, со наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, извршен е претрес на домот и други простории кај пријавениот, при што пронајдени се марихуана, хероин и 307 шишенца во кои имало раствор на метадон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...