Четвртиот нацрт-амандман пред пратениците

76

Македонското Собрание на продолжението на 64. седница ја започна дебатата за XXXVI нацрт-амандман, последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците. Со него „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.

Расправата по овој амандман ја отвори пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кој предложи амандманот да се преформулира во „Републиката го штити, гарантита и негува историското и култнорно наследство и идентитетот на македонскиот народ“.

Овој предлог, рече, произлегува од тезата дека со промената на уставното име не се менува идентитет на државата, а меѓу другото има за цел да им одговори на официјалните и неофицијалните тврдења во Грција кои признаваат македонско државјанство, а го оспоруваат постоењето на македонскиот народ и нација и го сведуваат македонскиот идентитет на индивидуално право на самоидентификација. Предложи и неменување на Преамбулата на Уставот.

– По утврдување на амандманите, да одиме на отчетност кон граѓаните на што не обврзува и одржаниот референдум од 30 септември дека мора да има гаранција на македонскиот идентитет бидејќи имаме признавање на државата од 145 држави во билатералните односи со нив, имаме извештај од Бадинтер, и пресудата од Хаг која тврди дека грчката страна без причини го попречуваше нашето интеграирање во ЕУ и НАТО – рече Минов.

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во репликата го поздрави како што рече позитивното дебатирање на Минов, а неговите предлози заедно со другите што ќе дојдат во текот на јавната расправа ќе бидат тема на разговор.

– За нас со овој амандман се гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ, потоа со овој амандман се грижиме за заштитата на правата и интересите на државјаните кои што живеат надвор од границите на Македонија – рече Жерновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...