Мажите со длабоко вкорени хомосексуални склоности не би смееле да бидат примени во свештеничките редови. Свештениците кои се активни хомосексуалци би требало да си заминат од црквата, а не да водат двоен живот. Ова го кажал папата Франциск во новата книга, пренесува „Курир.рс“.
Таа требало да биде објавена оваа недела на неколку јазици. Папата рекол дека хомосексуалноста во црквата го загрижува.
Тој додал дека на оние кои им е доверена должноста да припремаат мажи за свештеници, мора да бидат сигурни дека кандидатите се „хумано и емоционално зрели“.
Истото се однесувало и на жените кои сакаат да станат калуѓерки. Римокатоличката црква смета дека хомосексуалните склоности сами по себе не се грев, ама според неа, делата се. Папата вели дека за тоа „нема место“ во животите на свештениците и калуѓерките.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI