Децата со лесни симптоми наместо на Клиника ќе одат на дежурен лекар

345

Три дежурни пунктови во кои ќе се примаат деца со лесна симптоматологија ќе бидат отворени во текот на идната недела во рамки на Здравствениот дом Скопје, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека во пунктовите ќе работат општи лекари и специјалисти од семејна медицина кои ќе бидат првото место во кое ќе се примаат децата кои имаат лесна симптоматологија, со цел да се намали големиот притисок кон Клиниката за детски болести.

– Тие во моментот се едуцираат на Клиниката и откако ќе го разработиме системот во текот на идната недела како нов начин на функционирање и упатување на децата во Скопје, ќе го ставиме во функција – додаде Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...