ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев го болат повторно очите од слушање на нелегалните прислушувани разговори?

105

Дали Заев ги има нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители? Кој се ги има нелегалните прислушувани разговори од обвинителите? Дали можеби Зоран Заев го болат повторно очите од слушање на нелегалните прислушувани разговори, како што беше и оној вицот за него кога слушалките наместо на уши ги ставил на очи, праша Димче Арасовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да потсетиме дека Заев однапред ги знаеше пресудите за одредени случаеви. Дали можеби овие разговори биле причината што Заев однапред знаеше кому, колку го следува казна затвор? Очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓу институционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Зоран Заев. Главното прашање на кое се уште не добивме одговор е дали било кој од овие разговори биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии – рече Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...