Шилегов: Отворени се вратите на Град Скопје за француските компании

480

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве во Париз одржува состаноци со заинтересирани страни на полето на урбаниот развој и меѓународната соработка, соопшти Град Скопје.

Утрово Шилегов имал излагање за приоритетите на Град Скопје пред членовите на работната група за одржлив град при МЕДЕФ (Стопанската комора на Франција), одржал средби со заинтересирани компании коишто нудат свои производи од областа на градежништвото, енергетската ефикасност, урбаната мобилност, управувањето со отпад итн.

Во поздравниот говор пред стопанствениците Шилегов информирал за борбата со загадувањето како најгорлив проблем на Скопје, плановите за масовно зазеленување на јавните простори, третманот на отпадните води, субвенциите за градските и приватните автобуски превозници, како и развојот на велосипедизмот во Скопје.

– Насочени сме кон обновување на соработката со збратимените градови и градовите од пријателските европски земји. Зајакнувањето на меѓународните односи има големо влијание врз иднината на градот и затоа толку време и напори посветуваме на соработката. Се надевам дека француските компании ќе најдат начин како да ги искористат отворените врати на Град Скопје за со своите производи и искуства да помогнат во изградбата и модернизацијата на градот – изјави Шилегов.

Скопскиот градоначалникот денеска остварил средба и со заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, а за утре е планирана средба и со Флоранс Манжен, директорка на директоратот за Континентална Европа при Министерството за надворешни работи и Европа на Република Франција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...