Азилот на Никола Груевски не е прашање за НАТО, туку нешто што треба да го решат Скопје и Будимпешта, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
– Не сум јас тој што треба да го коментирам ова. Тоа е прашање што треба да се дискутира меѓу Скопје и Будимпешта – изјави Столтенберг на прес конференција пред министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО со земјите контрибутори во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан, на кој учествува и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.