Спалети: Не го избркав Тоти

197

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, по натпреварот со Рома (2:2) ги обвини новинарите дека лажат за неговиот период на работа во римскиот клуб.

Тој тврди дека не е причината поради која Франческо Тоти ја заврши својата кариера.

– Вие новинарите мора да престанете да кажувате лаги за Тоти и за мене. Тој не ја заврши кариерата поради мене и не го избркав од тимот. Сите во клубот знаеја дека Франческо ќе ја заврши својата кариера, а јас тука не сменив ништо – изјави Спалети.

Франческо Тоти ја заврши својата кариера на крајот од сезоната 2016/17.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...