Турчинот Бајрам Тепели веќе 27 години живее на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, но по Нова година ќе мора да го напушти, оти тој ќе престане да функционира и ќе биде заменет од новоизградениот, трет аеродром во овој турски мегалополис.
Приказната на Тепели е слична на онаа на Иранецот, Мехран Карими Насери, кој мина 18 години на аеродромот „Шарл де Гол” во Париз и беше инспирација за филмот на Стивен Спилберг од 2004 година – „Терминал” со Том Хенкс.
– Многу сум тажен што го затвораат „Ататурк“. Мене ова ми е дом, многу ќе ми недостасува – истакна Турчинот.
Кога имал 27 години, тој ја напуштил родната Бурса и во Истанбул нашол работа како чистач, па бил испратен на аеродромот. По извесно време, Тепели требало да ја напушти работата, но останал на аеродромот. Благодарение на луѓето, тој никогаш не гладувал и никогаш не бил сам.
Важи за пријателски настроен човек, како меѓу вработените на истанбулскиот аеродром, така и меѓу патниците.
ФОТО: МИА