Македонските кошаркари по втор пат подобри од Косово

277
ФОТО: МИА

Македонската кошаркарска репрезентација го победи Косово со 78:68 за трет триумф во низа во рамки на групната фаза од втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Избраниците на Јорданчо Давитков вечерва во Гевгелија беа подобар противник и заслужено по втор пат во овие квалификации го совладаа Косово, овој пат на домашен терен.

Освен падот во играта во втората четвртина, Македонија ја имаше целосната контрола над играта и резултат и на крајот со два бода го валоризира силниот старт и 13-те поени предност (29:16) остварени по првите десет минути.

Бојан Трајковски со 23, Шејн Витингтон со 15 и Војдан Стојановски со 14 поени беа најефикасните во победничкиот состав.

За македонските кошаркари следува одмор до февруари кога гостуваат во Романија.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...