Наскоро заедничка владина седница меѓу Македонија и Косово

Македонија и Косово немаат отворени прашања, што претставува основ на која се градат нашите добрососедски односи, истакна Османи на средбата.

146

Наскоро ќе се одржи заедничка владина седница меѓу Македонија и Косово, што ќе претставува дел од серијата заеднички седници на Владата на Република Македонија со владите од соседството. По одржаните заеднички седници со Бугарија и Албанија, во следниот период се очекува одржување и на заеднички владини седници со Србија и со Косово.

Во таа насока заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на координатор на Владата за организација на заедничката владина седница со Косово, денес оствари средба со заменик претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај. На средбата беа разгледани деталите и информациите кои се во насока на подготовката за претстојната заедничка Владина седница на двете земји, на која се очекува да се потпишат повеќе договори за меѓусебна соработка, како и да се донесат повеќе одлуки околу иницијативи за проектите од интерес на двете земји.

– Македонија и Косово немаат отворени прашања, што претставува основ на која се градат нашите добрососедски односи – истакна Османи на средбата.

Тој посочи дека Владите на двете земји имаат обврска добрите односи меѓу народите на двете земји да ги преточат во реални политики, со кои ќе се овозможи дополнителен напредок во соработката, комуникацијата, размената и воопшто севкупната соработка меѓу двете земји.

На средбата беа разгледани повеќе иницијативи за меѓусебна соработка, како што е можноста за соработка во енергетиката, унапредување на инфраструктурата, олеснување и поефтинување на телефонската и дигиталната комуникација во насока на намалување на роамингот, унапредување на меѓусебното признавање на документите како што се возачките дозволи, и бројни други иницијативи, чија финализација се очекува за време на одржувањето на првата заедничка владина седница меѓу Република Македонија и Република Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...