Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо воопшто не беше фасциниран од играта на својот тим по 2:2 против Саутемптон во средба од 14-тото коло во Премиер лигата.
Тој одлучи да го пофали само младиот напаѓач Маркус Рашфорд за неговата добра работа на мечот.
Јунајтед заостануваше со 0:2 по првите 20 минути на „Сент Мери“, но две прекрасни асистенции на Рашфорд за Ромелу Лукаку и Андер Ерера, донесоа бод на „црвените ѓаволи“.
– Сакам да кажам дека Маркус е лудо куче. Тој беше совршен, додека не се умори. Тој имаше и некои проблеми пред почетокот на средбата. Некои играчи со слични повреди не играа, но Маркус стисна заби и играше – сигурен сум дека тој ќе биде совршен следниот пат. Мислам дека кучињата се подобри од луѓето, со сета моја почит кон нив – изјави Португалецот по вчерашниот меч.
Манчестер Јунајтед продолжуваат да се мачат во Премиер лигата, откако се на седмо место на табелата со 22 бода, на 16 од Манчестер Сити, и пласманот во зона Лига на шампиони ќе биде тешко остварлив оваа сезона.